|
Српскиот интернационалец дојде како слободен фудбалер во Ливерпул, трансферот беше договорен уште во јануари откако Бенитез даде зелено светло.
Јовановиќ е задоволен што Хоџсон го задржил и го вметнал во неговите планови за следната сезона.
"Мојата главна цел сега е да му покажам на Рој Хоџсон дека клубот не направи грешка кога реши да ме донесе тука" - изјави Јовановиќ.
"Тренерот е фантастичен. Зборува многу отворено со нас и се обидува јасно да ни ги презентира неговите идеи".
"Се надевам дека ќе научам многу. Ги прифаќам зборовите на тренерот и знам дека зависи од мене дали ќе го покажам она што тој ќе го побара од мене".
"Знам дека Премиер лигата бара голем физички напор, но кога помислив на таа карактеристика, си реков, ова е за мене".
"Мислам дека можам да дадам се што треба за да играм на високо ниво тука. Сезоната е долга, има натпревари и со националниот тим, па може вкупно да има од 60 до 70 натпревари, се чувствувам добро и подготвен сум".
"Соиграчите ме прифатија многу добро, се чувствувам многу близок со групата".
"Имам 29 години и мислам дека се наоѓам во најдобрите години. Чувствувам дека ова е моето најдобро време" - заврши Јовановиќ.
Јовановиќ своето деби за Ливерпул го имаше во Скопје на натпреварот против Работнички.
|