|
Доколку Балотели замине во Манчестер Сити, Интер ќе тргне по негова замена, има повеќе кандидати кои би можеле да дојдат на Џузепе Меаца, еден од нив е и Роси.
"Многу сум среќен во Виљареал, но никогаш не би можел да му кажам не на тим каков што е Интер" - изјави Роси за Corriere dello Sport.
"Мојот телефон е секогаш уклучен. Чест ми е што ме поврзуваат со шампионот на Италија и Европа, но во моментов нема официјален контакт".
"Би го напуштил Виљареал само во случај ако дојде повик од голем клуб. Подготвен сум за тим како Интер" - заврши Роси.
|