BetAdria.com
     
Италија
 
BetAdria.com
Занети: Ќе победуваме и со Бенитез
Објавено на: 11:50 31.07.2010
од 24fudbal.com.mk
Капитенот на Интер, Хавиер Занети е уверен дека Нероазурите ќе победуваат и со Рафа Бенитез.
Интер под водство на Жозе Мурињо ја имаше најдобрата сезона во својата историја освојувајќи ги сите трофеи за кои се натпреваруваше.

По големиот успех Мурињо замина во Реал Мадрид, на негово место дојде Рафа Бенитез кој ќе има исклучително тешка задача да ги повтори успесите на Португалецот.

Сепак, капитенот Хавиер Занети верува дека Интер ќе биде еднакво успешен и со Рафа Бенитез.

"Ден по ден се трудиме да напредуваме и да влеземе во форма" - изјави Занети.

"Имаме нов тренер кој се обидува да ги внесе своите идеи и менталитет во тимот".

"Јасно е дека ќе биде потребно малку време за прилагодување, но верувам дека Интер повторно ќе биде на врвот".

"Ќе знаеме како да додадеме нешто повеќе на квалитетот кои веќе го имаме. Немаме чувство дека треба да се споредуваме со минатата сезона" - смета Занети.

НАЗАД <<<
 


BetAdria.com



 
d