|
Џенова има активен преоден рок, тимот значително се засилува и во своите редови веќе успеа да ги донесе Лука Тони и Мигуел Велосо.
Gazzetta dello Sport веќе информираше за интерес на Џенова за Ендо, но сега Datasport пишува за превземање на конкретни чекори за реализација на овој трансфер.
На 6ти август се очекува претставници на Џенова да отпатуваат во Јапонија на преговори со Гамба Осака, клубот чиј член е Ендо.
Вредноста на 30 годишниот фудбалер се проценува на 2,5 милиони фунти.
Ендо беше еден од подобрите фудбалери на Јапонија на Светското првенство, постигна и одличен гол против Данска.
Во Серија А веќе настапува Јапонец, Такаиуки Моримото, тој ги брани боите на Катанија.
А Џенова е клубот кој го има донесено првиот јапонски фудбалер во Серија А, во сезоната 1994-95 потпишаа со Казујоши Миура.
|