|
Португалскиот фудбалер, Пепе вели дека е импресиониран од работата на Жозе Мурињо, неговиот сонародник со кој никогаш претходно не работел.
"Никогаш претходно не сум работел со Мурињо и навистина сум импресиониран од него" - изјави Пепе за официјалната страна на Реал Мадрид.
"Тој многу добро ги третира неговите фудбалери и им зборува на нивниот јазик. Тој е фантастичен тренер".
"Бара многу, но ни дава и огромна поддршка. Нашата должност е да го браниме дресот на Реал Мадрид до самиот крај. Работиме екстремно напорно за да освоиме титули".
"Реал Мадрид донесе одлични засилувања, овие фудбалери имаат одличен квалитет и ќе научат што е овој тим и колку треба да се работи".
"Кедира одигра фантастично на Светското првенство и затоа Реал Мадрид одлучи да го купи".
"Раул помина многу години во Реал Мадрид. Тој е пример за сите нас, но не е веќе тука. Никогаш нема да го заборавиме, но мораме да се фокусираме на работа без него".
"Јас потполно се вратив од повредата. Работев многу напорно и подготвен сум да играм на највисоко ниво".
"Мурињо од нас бара да играме со голем интензитет и притисок за брзо да ја украдеме топката. Бара на секој тренинг да работиме се понапорно" - заврши Пепе.
|