|
Германскиот фудбалер потпиша пет годишен договор со Реал Мадрид откако Кралевите постигнаа договор со Штутгарт за висината на оштетата која според информациите изнесува 14 милиони евра.
Кедира има пофални зборови за Мурињо и шпанскиот фудбал, се надева дека ќе освојува титули со Реал Мадрид и вели дека трансферот е остварување на неговиот сон.
"За мене ова е остварување на сонот" - изјави Кедира за Мarca.
"Знам дека со Реал Мадрид предводен од Мурињо ќе освојам титули. Мурињо е победник".
"Тактички неговите тимови се перфектни, тој е победник".
"Што се однесува до шпанскиот фудбал, тој е посебен и Шпанија е Светски шампион, тоа доволно говори" - заврши Кедира.
|