|
Ко-сопственикот на Вест Хем, Дејвид Голд откри дека тој сака да го ангажира 35 годишниот Дејвид Бекам и потврди дека веќе биле одржани преговори со неговите агенти.
Спеак портпаролот на англискиот интернационалец вели дека Бекам е среќен во ЛА Галакси и не размислува за заминување.
“Бекам е поласкан што слуша дека Вест Хем е заинтересиран за него но до сега немало контакт ниту понуда од Вест Хем.” – рече портпаролот.
“Дејвид е среќен во Лос Анџелес Галакси и нема интерес за заминување, тој со нетрпение чека да се врати во тимот на 9ти август.”
Бекам сеуште се опоравува од повредата на Ахиловата тетива поради која го пропушти Светското Првенство но играчот верува дека ќе успее да одигра дел од сезната на ЛА Галакси во МЛС.
Тој започна да џогира и да трча но деталните тестови кои ќе се извршат на почетокот од селдниот месец ќе покажат кога играчот може да се врати на целосен тренинг.
Исто така се говори дека Бекам е желен да се врати на терените на почетокот од септември со што ќе си ги зголеми шансите да се врати во Европа во јануари – во изминатите две години тој играше во Милан како позајмен фудбалер.
|