BetAdria.com
     
Англија
 
BetAdria.com
Дејвид Џејмс се сели во Чемпионшип
Објавено на: 09:20 31.07.2010
од 24fudbal.com.mk
Англискиот репрезентативен голман, Дејвид Џејмс потпиша за Бристол Сити и следната година ќе брани во Чемпионшип дивизијата.
Џејмс потпиша едногодишен договор со Бристол Сити со можност да се продолжи на нови 12 месеци.

Селтик и Сандерленд се интересираа за Џејмс, но англискиот репрезентативен голман одлучи да се пресели во Бристол Сити.

"Имав понуди да останам во Премиер лигата, но најважно ми е да играм фудбал, бидејќи тоа го сакам, да играм за вистински клуб и да бидам фамилијарен човек" - вели Џејмс кој утре ќе наполни 40 години.

"Имав долг разговор со претседателот Стив Ландсдаун и ми се допаднаа амбициите на клубот. Знам се за планот за нов стадион и за желбата да се пласира во Премиер лигата".

"Клубот е амбициозен, таков сум и јас. Југо-западот нема клуб во Премиер лигата и тоа треба да се промени".

Претседателот, Лансдоаун е задоволен што го обезбеди потписот на Дејвид Џејмс.

"Среќен сум што Дејвид Џејмс потпиша за нас" - изјави претседателот.

"Мојата амбиција е овој фудбалски клуб да игра на највисоко ниво, во Премиер лигата, работиме и на нов тренинг камп и нов стадион".

"Имаме квалитетни фудбалери кои можат да не однесат во Премиер лигата, потписот на Џејмс е потврда за нашите амбиции".

Во минатата сезона Џејмс го носеше дресот на Портусмут кој го освои последното место во Премиер лигата.

НАЗАД <<<
 


BetAdria.com



 
d