|
Манчестер Сити и Интер сеуште преговараат за трансфер на Балотели во Премиер лигата, преговорите се долги, крајот е неизвесен.
"Двата клуба сеуште не постигнале договор, но преговорите продолжуваат" - ова синоќа го изјави Морати.
Робињо кој минатата сезона ја помина на позајмица во Сантос нема желба да се врати во Сити, а со ангажман на Балотели, Граѓаните ќе добијат уште еден напаѓач.
Токму овие факти се повод за шпекулациите на Corriere dello Sport дека Робињо ќе биде вклучен во трансферот на Балотели.
Робињо има пасош од ЕУ и неговиот агент бил виден синоќа во Милано.
Ваквата трампа ќе ја скрати цената на Манчестер Сити која ќе треба да ја плати за Балотели, а Интер веднаш би добил замена за младиот напаѓач.
Сепак за да се реализира овој трансфер неопходно е и Балотели да ги намали своите барања за плата, кои според информациите биле повисоки од она што Сити му го нуди.
|