|
Мадридскиот весник АЅ пишува дека Александер Хлеб би можел да ја напушти Барселона и да се врати во Премиер лигата.
Хлеб беше изоставен од авионот на Барселона кои патува во Норвешка, на пријателски натпревар против Валеренга.
29-годишниот белоруски фудбалер разочара во Барселона не успевајќи да се наметне во тимот на Каталонците.
Астон Вила, Сандерленд и Вест Хем се интересираат за Хлеб, но неговото име се поврзува и со Тотенхем и Ливерпул.
АЅ пишува дека Барселона ќе го пушти Хлеб за 5 милиони евра, што е повеќе од двојно помалку од оние 12 милиони евра кои му ги платија на Арсенал во 2008 година.
|