BetAdria.com
     
Шпанија
 
BetAdria.com
Барселона има вкупен долг од 552 милиони евра
Објавено на: 19:18 27.07.2010
од 24fudbal.com.mk
Новиот потпретседател за финансии, Хавиер Фаус соопшти дека Барса има загуба од 77 милиони евра за сезоната 2009/10 а не 11 милиони евра како што соопшти претходното раководство
На 30 јуни претходното раководство предводено од претседателот Хоан Лапорта соопшти дека сезоната 2009/10 Барселона ја завршува со нето профит од 11 милиони евра, откако клубот остварил рекордни 445,5 милиони евра приход и трошоци од 428,7 милиони евра.

Но новиот потпретседател за финансии, Хавиер Фаус денес на прес-конференција соопшти дека извештајот на ревизорската компанија Дилојт покажал нешто сосема спротивно.

Тој објасни дека според Дилојд Барселона има приход од 408,9 милиони евра и трошоци од 477,9 милиони евра што резултира со загуба од 69 милиони евра.

Кога на оваа сума ќе се додат уште 11,1 милиони евра за финасиски трошоци и ќе се одземе 3 милиони евра профит после данок, се добива загуба од 77,7 милион евра.

Хавиер Фаус исто така објасни дека сега долгот на Барселона во споредба со јуни 2009 се зголеми од 329 милиони на 442 милиони евра.

Но Барселона има и уште долг кон трети лица од околу 100 милиони со што вкупниот долг е 552 милиони евра.

“Бројките презентирани од претходниот борд не ја рефлектираат правилната слика. Тие мамеа.” – рече Фаус.

“Има структурен проблем. Спортската извонредност од последните неколку години не е следена од економска извонредност.”

“Целта на новиот борд е покрај спортскта извонредност да се врати и економска извонредност.”

НАЗАД <<<
 


BetAdria.com



 
d