|
Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска, Саломон Калу им се приклучи на своите соиграчи во подготовките за идината сезона.
Офанзивниот фудбалер е оптимист и верува дека Сините во престојната сезона можат да дојдат до многу посакуваниот трофеј од Лигата на Шампионите.
"Два и пол месеци не бевме со тимот, па убаво е кога ќе се вратите назад по успешната сезона" - изјави Калу.
"Верувам дека можеме да имаме одлична сезона доколку сите бидеме фит, имаме тим кој може да одигра подобро од минатата сезона и да ја освои Лигата на Шампионите, тоа е многу важно бидејќи сите во клубот го посакуваат тој трофеј".
"Во наредната сезона сакам да постигнам повеќе голови од минатата, помеѓу 15 и 20. Мојата цел е да бидам важен играч за клубот како во финишот од минатата сезона" - изјави Саломон Калу.
|