|
Уште од самото доаѓање на Рафа Бенитез на клупата на Интер започнаа шпекулациите за преселба Маскерано во италијанскиот шампион.
Интересот на Интер е јасен, но Нероазурите до сега немаа испратено официјална понуда до Ливерпул за Маскерано.
Daily Express информира дека Интер ќе испратат понуда од 20 милиони фунти за Маскерано во наредните неколку дена.
Самиот фудбалер јасно го кажа својот став дека сака да му се придружи на Бенитез во Серија А.
Црвените од Енфилд веќе почнаа да бараат негова замена, се поврзуваат со фудбалерот на Јувентус, Поулсен.
Данскиот фудбалер веќе има работено со Рој Хоџсон, во 2000/01 година во ФК Копенхаген.
Поулсен е еден од фудбалерите на Јуве кои се ставени на трансфер листата и не играше на натпреварот од Лига Европа против Шамрок.
|