Извлечени групите за ЕП 2012
Познати се групите за Европското првенство 2012 кое ќе се оддржи во Полска и Украина, Групата на Смртта ја сочинуваа Холандија, Данска, Германија и Португалија.
Вечерва во Киев беше изврешна ждрепката за групите од Европското првенство 2012.
Се чини дека најинтересно ќе биде во Групата Б, која го доби епитетот Група на Смртта, а во неа се наоѓаа Холандија, Данска, Германија и Португалија.
Бранителот на титулата, селекцијата на Шпанија е во група со Италија, Република Ирска и Хрватска.
Интересно ќе биде и во групата Д каде што силите ќе ги одмерат Франција и Англија, а покрај нив се и Украина и Шведска.
Најмалку атрактивна ќе биде Групата А, во која покрај домаќинот Полска се уште и Русија, Грција и Чешка.
Група А
1. Полска
2. Грција
3. Русија
4. Чешка
Група Б
1. Холандија
2. Данска
3. Германија
4. Португалија
Група Ц
1. Шпанија
2. Италија
3. Република Ирска
4. Хрватска
Група Д
1. Украина
2. Шведска
3. Франција
4. Англија
