Венгер: Олимпијакос заслужено победи
Со оглед на тоа дека ’Топџиите’ го имаа обезбедено првото место во Групата Ф, Арсен Венгер направи големи број измени и играше со втор тим.
Комичните грешки во одбраната на Арсенал им овозможија на домаќинтие водство од 2-0 на полувреме. Јоси Бенајун во вториот дел намали на 2-1 но ’Топџиите’ немаа сила за пресврт и Модесто во финишот на натпреварот ги реши сите дилеми и ги постави конечните 3-1.
“Олимпијакос одигра многу цврство во првиот дел и ние тешко се снаоѓавме на теренот, го немавме правиот тактички пристап.” – рече Венгер. “Изгубивме премногу топки.“
“Исто така игравме со кратки додавања, иако имаше премногу контакт.”
“Во второто полувреме, кога беше 2-1, се чинеше дека можеме да стигнеме до реми, но тие успеаа да постигнат трет погодок.”
Менаџерот на Арсенал потоа додаде: “Мислам дека Олимпијакос заслужено победи, но за жал тоа не беше доволно за да се пласираат во нок-аут фазата.”
“Марсеј направи извонреден пресврт, па Олимпијакос е надвор од Лигата на Шампионите.”
