Дешамп задоволен од кам-бекот на Марсеј

Дидие Дешамп е пресреќен со победата над Борусија Дортмунд и трите бода со кои Марсеј се најде во нок-аут фазата од Лигата на Шампионите

Марсеј беше многу блиску до елиминација од најелитното Европско натпреварување, но со два погодока во завршниот дел од средбата, избраниците на Дидие Дешамп стигнаа до победа од 3-2 на гостувањето кај Борусија Дортмундм и обезбедија пласман во нок-аут фазата.

 

“Фудбалот е неверојатен спорт.” – рече Дешамп по крајот на средбата. “Ова е натпревар кој ќе биде многу важен во историјата на Марсеј, и со гордост ќе одиме во нок-аут фазата.”

 

“Во првото полувреме игравме многу лошо, и можевме да примиме повеќе погодоци.”

 

“Голот на Лоик Реми во судиското продолжени од првиот дел не врати во игра.”

 

“Доколку на полувреме заминевме со негатива од 2-0, ќе беше многу тешко да направиме пресврт, но со 2-1 средбата беше отворена.”

 

Тренерот на Марсеј потоа продолжи: “Уште еден важен погодок беше оној на Валбуена (погодокот за водство од 3-2 во 87. минута).”

 

“Постојано им повторував на моите фудбалери дека мораат да имаат верба до самиот финиш на средбата.”

 

“Извонредно е што направивме ваков кам-бек. Пресреќни сме што ќе играме во нок-аут фазата од Лигата на Шампионите.”

Најчитани

Фудбал на ТВ

Вторник

21.02.2012

 

5+, 18:00

Лига на Шампиони: ЦСКА Москва - Реал Мадрид

 

Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Наполи - Челзи

 

Среда

22.02.2012

 

Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Марсеј - Интер

 

5+, 20:45

Лига на Шампиони: Базел - Баерн Минхен

Анкета

Кој ќе го добие големото дерби помеѓу Милан и Јувентус?

Вкупно гласови: 168
Милан [42.86%, 72 гласови]
Нерешено [5.36%, 9 гласови]
Јувентус [51.79%, 87 гласови]