Платини со порака до Ферги: Лига Европа е извонредно натпреварување
По поразот од 2-1 на гостувањето кај Базел, ’Црвените Ѓаволи’ доживеаа елиминација од Лигата на Шампионите, па Сер Алекс Фергусон за прв пат со Манчестер Јунајтед ќе игра во Лига Европа.
Шкотот не го криеше разочарувањето по ваквиот развој на настаните, и истакна дека играњето во најмасовното Европско натпреварување е ’казна’ за неуспехот да се обезбеди пласман во нок-уат фазата од ЛШ.
Со своја реакција излезe и првиот човек на УЕФА, Мишел Платини кој го обвини Сер Алекс дека покажал непочитување кон Лига Европа.
“Светот не се врти околу Англија.” – рече Платини. “Ми се допаѓа Англија, фудбалот таму е фантастичен и фановите се прекрасни.”
“Но не треба да ја критикувате Лига Европа само поради тоа што сте играле во три финалиња од Лигата на Шампионите.”
“Лига Европа е брилијантно, извонредно натпреварување.”
“Знам дека господинот Фергусон би преферирал да биде во Лигата на Шампионите, но истото го сакаат и многу други клубови.”
