ФФМ и Тошак демантираат дека имале контакт со Сердар Азиз

Фудбалската Федерација на Македонија и селекторот Џон Тошак ги демантираат написите во медиумите кои велеа дека Азиз добил повик за настап во македонската репрезентација
Синоќа се појавија информации дека Џон Тошак му нудел трансфер на Азиз во Барселона или Реал Мадрид во замена за настап за македонската репрезентација.
 
Сега ФФМ и Тошак категорично демантираат контакт со турскиот фудбалер.
 
"ФФМ и Г-динот Тошак се свесни дека постојат играчи кои играат во странство а се со македонско потекло и имаат право на настап за нашата најсилна репрзентација, меѓутоа и ФФМ и селекторот официјално не стапиле во контакт со некој од нив а посебно не со Сердар Азиз" - стои во соопштението на ФФМ.
 
"ФФМ ја користи оваа прилика уште еднаш да потсети дека принцип на работа на федерацијата е да ги контактира сите играчи кои играат во странство а се со македонско потекло но само доколку ФФМ процени дека можат да го подигнат рејтингот на македонскиот фудбал".
 
"Со Сердар Азиз соодветните служби на ФФМ воопшто не контактирале и затоа целосно ги демантираме изјавите на играчот дека ФФМ официјално го контактирила а тој учтиво ја одбил понудата". 
 
Изјавата на Џон Тошак во која е зачуден од несериозноста на фудбалерот, гласи:
 
"Да дадеш ветување на одреден играч дека ќе му направиш трансфер во Реал Мадрид или Барселона само затоа што некогаш си бил тренер или живееш таму е многу несериозно и смешно. Уште понесериозно е кога некој играч ја користи таа фраза, моето име и македонската репрезентација за да си направи добар маркетинг".
 
"Категорично тврдам дека ниту сум се јавил на Сердар Азиз ниту сум му понудил такво нешто. За жал ова е уште еден случај кога моето име се употребува за личен бенефит" изјави селекторот Тошак".

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1441
Баерн Минхен [46.36%, 668 гласови]
Челзи [53.64%, 773 гласови]