Видео: Гол на Иван Тричковски, пораз на АПОЕЛ
Нов гол на македонскиот напаѓач Иван Тричковски кој не беше доволен за нови бодови на АПОЕЛ
Горан Пандев и Иван Тричковски голгетерски ја започнаа новата година, нешто што само може да ги радува македонските навивачи.
На дуелот од 15. коло во кипарскиот шампионат, Тричковски по само 3 минути игра му донесе водство на АПОЕЛ против Алки.
Но подоцна домаќините направија комплетен пресврт и го добија натпреварот со 2-1.
Во составот на Алки цел натпревар одигра повремениот македонски репрезентативец, Никола Глигоров.
