Келн се интересира за Иван Тричковски?

Бундеслигашот Келн се интересира за македонскиот интернационалец Иван Тричковски, пишува весникот Kathimerini.
Весникот ексклузивно пласира информација дека Келн планира да испрати понуда вредна помеѓу 1,5 - 2 милиони евра за потписот на Иван Тричковски.
 
Келн првично сакал да го ангажира Тричковски на шест месечна позајмица со опција во летниот преоден рок да го откупи комплетно, но АПОЕЛ е против продажба на Тричко во јануари и преферира да го задржи до лето бидејќи кипарскиот тим е сеуште активен во Лигата на Шампионите.
 
АПОЕЛ ќе игра со Лион во 1/8 финалето од Лигата на Шампионите и тренерот посакува да го има Тричковски за освие натпревари.
 
Според Kathimerini, Тричковски подолго време знае за интересот од Келн, но и тој и АПОЕЛ преферираат трансфер во летниот преоден рок.
 
Тричковски има договор со АПОЕЛ до јуни 2013 година, па клубот ќе мора да го продаде на лето доколку сака да заработи на негов трансфер.
 
Тој во април полни 25 години и вистинско време е за преселба во подобра лига.
 
Повеќе информации за македонскиот фудбал на macedonianfootball.com

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1441
Баерн Минхен [46.36%, 668 гласови]
Челзи [53.64%, 773 гласови]