Видео: Се степаа кој да изведе пенал
Стивен Шумахер и Жил Кок, соиграчи од англискиот третолигаш Бјури, се истепаа кој да шутне пенал во дуелот против Јеовил.
Во натпревар од 27. коло во третата англиска лига помеѓу Бјури и Јеовил, се случи несокојдневен инцидент.
Двајца фудбалери на Бјури, Шумахер и Кок се степаа кој да го изведе ударот од 11 метри, поголем инцидент спречија соиграчите кои ги разделија.
За оваа глупост и двајцата заработија жолт картон од судијата.
