Пријателски натпревар: Македонија У21 - Италија У20 2:2
Македонската репрезентација до 21 година одигра нерешено 2-2 против селекцијата на Италија до 20 години.
Пријателскиот натпревар помеѓу Македонија У21 и Италија У20 се одигра на лош терен во Куманово.
Македонија добро го започна натпреварот во 16. минута по асистенција од Стефан Спировски, Самир Фазли донесе водство за нашата репрезентација.
Македонија имаше повеќе посед но Италија во 27. минута преку Џанлука Де Лука го израмни резултатот на 1-1.
Во второто полувреме, селекторот Бобан Бабунски направи неколку измени кои негативно се одразија врз играта на македонската репрезентација, па Италијанците ја превземаа контролата на теренот.
Доминацијата ја искористија во 51. минута кога преку напаѓачот Џакомо Барета реализираа за пресврт и водство од 2-1.
Во третата минута од судиското продолжение, Македонија успеа да се спаси од пораз со погодок од пенал.
Стефан Ристовски беше соборен во шеснаесетникот на Италија од гостинскиот голман, судијата покажа на белата точка, сигурен реализатор на најстрогата казна беше Јани Урдинов.
На овој натпревар за Македонија до 21 година настапија: Гачевски (46' Димитриевски), Брдаровски (46' Силјановски), Богдановиќ (46' Митревски), Ристевски (46' Мециновиќ), Абдула, Спировски (75' Јовановски), Тахири (46' Урдинов), Глишиќ (46' Јакимовски), Ристовски, Несторовски (85' Стојанов), Фазли (46' Алтипармаковски).
Повеќе информации за македонскиот фудбал на madcedonianfootball.com.
