Официјално: Таје Таиво на позајмица во КПР до крајот на сезоната

Квинс Парк Ренџерс го потврди ангажманот на Таје Таиво од Милан на позајмица до крајот на сезоната

26 годишниот лев бек минатото лето се пресели на Сан Сиро но не успеа да се избори за место во стартниот тим на Масимо Алегри.

Поради малата минутажа Таје Таиво побара да замине, а Милан и КПР минатата недела постигнаа договор за репрезентативецот на Нигерија да настапува како позајмен фудбалер на Лофтус Роуд до крајот на сезоната.

Откако беа комплетирани сите документи и фудбалерот доби работна дозвола, КПР денеска официјално го потврди ангажманот на Таиво, кој е првото засилување за новиот менаџер Марк Хјуз.

“Ова е нов и возбудлив предизвик за мене и со нетрпение чекам да ја започнам новата авантура.” – рече Таиво по комплетирањето на трансферот.

“Сакам да му се заблагодарам на Марк Хјуз што ме донесе тука. Важно е кога знаете дека тренерот ве посакува и сакате да му се оддолжите за укажаната доверба.”

Најчитани

Фудбал на ТВ

Вторник

21.02.2012

 

5+, 18:00

Лига на Шампиони: ЦСКА Москва - Реал Мадрид

 

Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Наполи - Челзи

 

Среда

22.02.2012

 

Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Марсеј - Интер

 

5+, 20:45

Лига на Шампиони: Базел - Баерн Минхен

Анкета

Кој ќе го добие големото дерби помеѓу Милан и Јувентус?

Вкупно гласови: 169
Милан [43.20%, 73 гласови]
Нерешено [5.33%, 9 гласови]
Јувентус [51.48%, 87 гласови]