Паолило: Мурињо во Интер? Апсолутно не
Дел од шпанските медиуми во последните неколку дена силно шпекулираат дека ’Специјалниот’ ќе го напушти Реал Мадрид по крајот на сезоната.
Потоа се појавија и гласини кои го поврзуваа Жозе Мурињо со тренерското столче на Интер, а Марко Тронкети Провера (акционер во Интер и член на бордот на директори) вчера ја отвори вратата за враќање на Португалецот на Џузепе Меаца.
Сепак, генералниот оперативен директор на Интер, Ернесто Паолило денеска ги негираше ваквите шпекулации.
За радио станицата CRC тој рече: “Раниери ги оправдува нашите очекувања и мислења за него – ние верувавме дека тој е одличен тренер.”
“Раниери ќе остане во Интер се додека тој го сака тоа. Мурињо во Интер? Апсолутно не.”
“Овој циклус и овој период му припаѓаат на Раниери, па безполезно е да говориме за работи кои немаат смисла.”
“Раниери знае што треба да прави за да ја извршува работата многу добро, и затоа сакаме да го задржиме.”
Раниери го превзеде кормилото на Интер во октомври, и по проблематичниот почеток на сезоната успеа да ги врати ’Нероаѕурите’ на прав пат.
