Севиља потврди дека Касерес се сели во Јуве

’Андалузијците’ на својата веб страна пренесоа дека Мартин Касерес е на медицински тестови во Торино и наскоро ќе го официјализира трансферот во Јувентус

Медиумите од Италија уште вчера го најавија доаѓањето на Касерес во Јувентус, откако по долги преговори двата клуба постигнале договор за начинот на кој ќе се реализира зделката.

Севиља со соопштение на својата веб страна, сега пренесе дека уругвајскиот репрезентативец попладнево во Торино ќе треба да ги помине редовните лекарски прегледи.

Доколку резултатите од тестовите бидат позитивни, Касерес ќе стави потпис на договор со Јувентус со што и официјално ќе стане нов фудбалер на ’Бјанконерите’.

Според пишувањата на медиумите, Јувентус ќе плати 1,5 милиони евра за шест месечна позајмица на дефанзивецот, а летоска ’Старата Дама’ ќе може да го направи трансферот перманенттен за додатни 8 милиони евра.

Најчитани

Фудбал на ТВ

Вторник

21.02.2012

 

5+, 18:00

Лига на Шампиони: ЦСКА Москва - Реал Мадрид

 

Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Наполи - Челзи

 

Среда

22.02.2012

 

Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Марсеј - Интер

 

5+, 20:45

Лига на Шампиони: Базел - Баерн Минхен

Анкета

Кој ќе го добие големото дерби помеѓу Милан и Јувентус?

Вкупно гласови: 168
Милан [42.86%, 72 гласови]
Нерешено [5.36%, 9 гласови]
Јувентус [51.79%, 87 гласови]