Иниеста ќе паузира три недели
Шпанскиот репрезентативец мораше да го напушти вчерашното ’Ел Класико’ по само половина час игра.
Врз Андрес Иниеста денеска беа извршени серија тестови, со кои било утврдено дека фудбалерот има исекотина на задната ложа и ќе мора да паузира околу три недели.
На вчерашниот дуел со Реал Мадрид повреда заработи и Алексис Санчез, кој ќе паузира од една до две недели поради мало исчашување на левото рамо.
Со последните повреди, Пеп Гвардиола на располагање има само 14 фудбалери од првиот тим.
Виља од поодамна е надвор од стројот поради фрактура на тибијата, истото важи и за Афелај и Фонтас кои имаат повреди на вкрстените лигаменти на коленото.
Кеита е на Купот на Африкански Нации, а Максвел направи трансфер во ПСЖ.
