Портпаролот на Мурињо го нарече Дани Алвес магаре
Портпаролот на Мурињо, го спореди Дани Алвес со магаре, и објасни што му рекол Жозе на судијата по натпреварот против Барселона на Камп Ноу.
Еладио Прамес, портпаролот на Жозе Мурињо упати тешки навреди на адреса на Дани Алвес.
Тој смета и дека Барселона добива сериозна помош од судиите па токму затоа е тешко да бидат победени.
"Што се промени откако Дани Алвес дојде во Шпанија. Тој направи операција на ушите, ги намали. И почна да носи очила како интелектуалец. Како и да е, магаре со мали уши и очила одеднаш не станува доктор, тој сеуште е магаре" - напиша Парамес на својот твитер профил.
"И претходно сум рекол. Кога Барселона игра добро, победува. Кога противникот нивни игра подобро од нив, тогаш судиите им помагаат да победат".
Парамес откри и што му рекол Мурињо на судијата Тешеира на паркингот веднаш по натпреварот против Барселона.
"Ти немаш почит за професионалците. Сега ќе испушиш цигара и добро ќе се насмееш, копиле" - му рекол Мурињо на судијата.
