Стефан Ристовски се врати во Парма

Македонскиот младински репрезентативец, Стефан Ристовски се врати во Парма, откако Кротоне одлучи да ја прекине позајмицата.
Авантурата на Стефан Ристовски во Кротоне заврши денес откако италијанскиот клуб од втората лига објави дека ја прекинува позајмицата.
 
Ристовски кој имаше само два настапи за Кротоне оваа сезона, се враќа во Парма.
 
На најголемиот број натпревари нашиот фудбалер не беше ниту на клупата, па Кротоне се откажа од неговите услуги.
 
Не се очекува Ристовски да остане во Парма, поголема е веројатноста прволигашот да побара нова дестинација за Македонецот, клуб во кој би добил поголема минутажа.
 
Стефан повеќе не може да игра за младинскиот тим на Парма, па ќе мора да побрзаат во потрагата по новиот клуб бидејќи преодниот рок истекува утре.
 
Ристовски е еден од клучните фудбалери на македонската репрезентација до 21 година, има и еден настап за сениорскиот тим.
 
Тој може да игра како десен бек, но и по десната страна во средниот ред.
 
Повеќе информации за македонскиот фудбал на macedonianfootball.com.

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1441
Баерн Минхен [46.36%, 668 гласови]
Челзи [53.64%, 773 гласови]