Парма го прати Ристовски на позајмица во Фросиноне

Откако Кротоне ја прекина позајмицата на Стефан Ристовски, Парма брзо реагираше и му најде нов клуб на нашиот фудбалер, негова нова дестинација е Фросиноне.
Парма и Фросиноне постигнаа договор за позајмица на Стефан Ристовски до крајот на сезоната.
 
Синоќа Кротоне потврди дека ја откажува позајмицата на Ристовски кој не успеа да се наметне во тој тим, па Парма брзо реагираше и го испрати нашиот фудбалер во тим каде што би требало да има повеќе простор за развој.
 
Фросиноне е италијански клуб од третата лига, минатата сезона испаднаа од Серија Б каде што завршија на 22. место.
 
Има две групи во третата италијанска лига, Фросиноне настапува во Лега Про Прима Дивизија Група Б. Од 18 тима во лигата тие во моментов се на 12 место со само 23 бода од 21 натпревар.
 
Ристовски од денес ќе започне со тренинзи во новиот клуб, неговото деби за Фросиноне може да се случи на 5 февруари против Виртус Ланчиано.
 
Повеќе информации за македонскиот фудбал прочитајте на macedonianfootball.com.

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1441
Баерн Минхен [46.36%, 668 гласови]
Челзи [53.64%, 773 гласови]