Горан Пандев во Барселона за 83 милиони фунти!

Горан Пандев во Барселона за трансфер вреден 83 милиони фунти! Вака денес се шегуваше SkyBet.
Денес е последен ден од преодниот рок на фудбалскиот пазар, па медиумите се преплавени со трансфер вести.
 
Skybet.com денес им овозможи на посетителите да се пошегуваат на своја сметка или на сметка на пријателите, па секој може да го стави своето име и презиме. Веста за Горан Пандев изгледа вака:
 
Пеп Гвардиола е пресреќен поради ангажманот на Горан Пандев кој би можел да дебитира за каталонскиот клуб веќе на дуелот против Реал Сосиедад.
 
"Кога ќе видите потенцијал во некој фудбалер мора да реагирате брзо и ова е ѕвезда која има око за гол, чувство за пас и може да игра на повеќе позиции" - изјави Гвардиола за Sky Sports.
 
"Горан Пандев е големо засилување за нас и ќе биде подготвен за гостувањето кај Реал Сосиедад". 
 
Шегата за трансферот на Горан Пандев во Барселона може да ја погледнете тука. 

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1441
Баерн Минхен [46.36%, 668 гласови]
Челзи [53.64%, 773 гласови]