Видео: Германците ја враќаат зелената боја

Германската фудбалска репрезентација го промовираше гостинскиот дрес за ЕВРО 2012, Германците ја враќаат зелената боја.
Денеска Германската Фудбалска Асоцијација заедно со долгогодишниот партнер Адидас ги промовираа новите гостински дресови на репрезентацијата со која ќе настапи на Европското првенство во Полска и Украина.
 
Германците и се враќаат на зелената боја со која го освоија Европското првенство во 1972 година.
 
На пријателскиот натпревар против Франција кој ќе се одигра на 29. февруари, фудбалерите на Германија за прв пат ќе ги облечат новите дресови.
 
Видео: Бастијан Швајнштајгер и Томас Милер играат меморија со легендарните германски фудбалери облечени во зелени дресови.
 


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1441
Баерн Минхен [46.36%, 668 гласови]
Челзи [53.64%, 773 гласови]