Вардар реди победи на подготовките во Анталија
Во пријателски натпревар во Анталија, Вардар со убедливи 3-0 го победи полскиот прволигаш Рух Хорзов.
Со доминанта игра во текот на сите 90 минути, Вардар со убедливи 3-0 го совладал полскиот тим Рух Хорзов.
Македонскиот клуб повел по дваесетина минути игра од натпреварот со погодокот на Филип Ивановски.
Вториот гол стигнал со почетокот на второто полувреме, Таневски зголемил на 2-0, а конечните 3-0 биле дело на дефанзивецот Мирослав Вајс.
Вардар имал шанси и за поубедлива победа, но шансите на Петров, Ивановски, Гроздановски и Лико останале неискористени.
Претходно Вардар го победи тимот на Ростов со 1-0.
Следниот натпревар во Анталија, Вардар го игра против Славија од Софија на 12. февруари.
За Вардар на овој натпревар настапиле:
Симов, Илиевски, Таневски, Вајс, Цикарски, Оса, Вељановски, Петров, Грозданоски, Лико и Ивановски.
Во второто полувреме во игра влегле и: Захов, Бошковски, Ацевски, Стојаковиќ, Колеќевски, Костовски и Огбона.
