Видео: Суарез одби да се поздрави со Евра
Напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез одново влезе во конфротација со Патрис Евра откако одби да се ракува со капитенот на Манчестер Јунајтед во пресрет на дерби пресметката на Олд Трафорд
Во пресрет на почетокот на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и формалното поздравување на фудбалерите на двете екипи, Евра му подаде рака на Суарез, но Уругваецот одби да се поздрави.
Евра не го прифати ова и се обиде да го фати Суарез за рака, но напаѓачот на Ливерпул само го игнорираше.
Потоа, Рио Фердинанд кој стоеше зад Де Хеа, одби да се ракува со Суарез.
Суарез паузираше осум натпревари, откако ФА го прогласи за виновен по обвинувањата дека упатил навреда на расна основа кон Евра, инцидент што се случи на првата средба помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед што се одигра на Ендилд.
