Румениге убедува дека Баерн сеуште сака да го продолжи договорот со Робен

Холандскиот репрезентативец има договор со тимот на Баерн Минхен до летото 2013, а Румениге изјави дека Баерн сака да го продолжи тој договор.
Карл Хајнц Румениге убедува дека Баерн Минхен се уште сака да го продолжи договорот со Арјен Робен и после 2013, кога му истекува сегашниот.
 
Робен го изгуби местото во стартните 11 во тимот на Баерн на последните неколку натпревари, но според управата на тимот тоа не е причина да не се продолжи неговиот договор:
 
„Ние не се сомневаме во неговиот квалитет. Тимот се уште сака да го продолжи неговиот договор. Последните случувања не го променија тоа.“ - изјави Румениге за минхенскиот весник TZ.
 
Робен во последните два натпревари беше на клупата, а на последниот натпревар од Бундеслигата против Кајзерслауртен влезе во вториот дел и според Румениге веднаш се почувствувала опасност по противничкиот гол.
 
„Тој веднаш изгледаше опасен по противниците и сакаше да постигне погодок. Со малку среќа можеби и ќе успееше, а јас навистина сакав да го направи тоа.“

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1441
Баерн Минхен [46.36%, 668 гласови]
Челзи [53.64%, 773 гласови]