Херта го отпушти тренерот Скибе

Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен го заврши неговото кратко ’патешествие‘ како тренер на Херта, откако беше отпуштен по катастрофалниот пораз на од Штутгарт со 5:0.
Михаел Скибе стана тренер на Херта од Берлин на 22 Декември минатата година, а по помалце од две месеци на кормилото на тимот, доби отказ по лошите резултати и катастрофалниот пораз од 5:0 од тимот на Штутгарт.
 
Херта се наоѓаше на 11 позиција кога Скибе застана на чело на тимот и најави борба за пласман во Европа и поатрактивен фудбал, но реалноста сепак испадна поинаква.
 
Сега Херта се наоѓа на претпоследното, 17 место и наместо борба за Европа, ја чека борба за опстанок во првата Бундеслига.
 
Главен кандидат за наследник на Скибе во Берлин е исто така скоро отпуштениот Холгер Станиславски кој пред некој ден доби отказ од тимот на Хофенхајм.

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1441
Баерн Минхен [46.36%, 668 гласови]
Челзи [53.64%, 773 гласови]