Подолски сака да го напушти Келн

Лукас Подолски најверојатно ќе го напушти неговиот Келн ова лето, откако тимот не успеал да се искачи и да се бори за позициите кои водат во Европа.
Најпознатиот и најсаканиот жител на Келн, најави заминување од тимот ова лето откако бил разочаран од неисполнетите ветувања на управата.
 
Подолски беше играч на Баерн Минхен во 2009, кога одлучи да се врати во родниот крај бидејќи му било ветено дека ќе се прави тим околу него, тим кој ќе биде компетентен во Германија.
 
„Ми беше речено дека ќе се гради тим околу мене и дека од старт ќе се бориме за да бидеме во топ 8, за да подоцна констано бидеме во топ 6,“ изјави тој за Bild, „и јас решив да се вратам и да се посветам на тој проект, но како што работите изгледаат ветувањето тешко дека ќе биде исполнето.“
 
„Се надевав на многу повеќе бидејќи условите го овозможуваат тоа, овие фанови и овој стадион се единствени во светот.“ разочарано изјави Подолски.
 
За неговиот потпис ќе се борат неколку тимови, вклучувајќи ги Арсенал и Лацио, како и неговиот претходен тим Барен Минхен, а Подолски одлуката ќе ја донесел дури на лето.

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1442
Баерн Минхен [46.39%, 669 гласови]
Челзи [53.61%, 773 гласови]