Роберто Карлос: Мурињо ќе остане во Реал Мадрид
Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Роберто Карлос вели дека Жозе Мурињо ќе остане во Кралскиот клуб, според него Португалецот е најдобриот тренер во светот.
Роберто Карлос деновиве е гостин на Реал Мадрид, Бразилецот на синоќешниот натпревар против Леванте изведе почесен почетен удар и бурно беше поздравен од публиката на Сантијаго Бернабеу.
Медиумите во Шпанија и Англија шпекулираат дека Жозе Мурињо би можел да си замине од Реал Мадрид по завршувањето на сезоната, но Роберто Карлос вели дека добил уверување од Португалецот дека останува.
"Тој ми кажа дека има договор со клубот и ќе остане" - изјави Роберто Карлос за Canal Plus.
"Му реков доколку се премисли, Анжи ќе го чека со раширени раце".
"Тој е најдобриот тренер во светот".
Пред почетокот на вчерашниот натпревар против Леванте, Роберто Карлос од претседателот Флорентино Перез доби реплика на статуите на Сотеро Аргурен и Алберто Мачимбарена.
"Секогаш е гордост да се вратите на Бенабеу".
"Ми изгледа дека се е како што треба во Ла Лига и Лигата на Шампионите, да заборавиме на Барса и ќе ги освојуваме големите титули повторно".
"Ми се допаѓа карактерот на тимот, без разлика колку се тешки работите, духот е победнички. Овој тим ќе креира историја".
Бразилскиот бек е вистинска легенда на Реал Мадрид, тој Кралскиот дрес го носеше 11 години, од 1996 до 2007.
Роберто Карлос со Реал Мадрид има освоено:
- 4 титули во Ла Лига
- 3 титули во Лигата на Шампионите
- 3 титули во Шпанскиот Супер Куп
- 2 титули во Интернационалниот Кип
- 1 тиула во Европскиот Супер Куп
