Бекенбауер: Робен е себичен фудбалер

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Франц Бекенбауер го обвини Аријан Робен дека е себичен фудбалер.
Робен е далеку од препознатливата форма, тој го загуби првотимскиот статус и во последните натпревари ја грее клупата за резервни фудбалери.
 
Дополнитено на лошите перформанси, стигнаа и критиките од Франц Бекенбауер кој вели дека Робен е себичен играч.
 
"Робен како и многу други фудбалери е себичен" - изјави Бекенбауер за Sky.
 
"Погледнете ја само неговата реакција кога ќе постигне погодок, не трча кон соиграчот кој му асистирал, туку кон својата фамилија на трибините. Па другите соиграчи треба да трчаат кон него".
 
"Во некој момент некој од соиграчите ќе рече, доколку ти асистирам а ти не ми се заблагодариш за тоа, следниот пат сам асистирај си. Затоа Робен треба малку повеќе да размислува на тимот".
 
Договорот на Робен истекува летото 2013 и нејасно е дали ќе продолжи неговата соработка со Баерн Минхен или ќе биде продаден во летниот преоден рок.

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1442
Баерн Минхен [46.39%, 669 гласови]
Челзи [53.61%, 773 гласови]