Пепе: Медиумите ме претставуваат како убиец
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Пепе се пожали дека медиумите го претставуваат како убиец.
Пепе кој е еден од омилените фудбалери кај фановите на Реал Мадрид, добива критики за агресивниот стил на игра и глумата која ја прикажува во последните натпревари.
Тој смета дека медиумите претеруваат во критиките против него и вели дека најважно му е да ги брани боите на Реал Мадрид.
"Медиумите ме претставуваат како да сум убиец" - вели Пепе во интервју за Canal+.
"За мене најважна работа е да ги бранам боите на Реал Мадрид. Кога шетам по улиците многу од луѓето сеуште покажуваат дека ме сакаат".
Пепе верува дека Жозе Мурињо ќе остане во Реал Мадрид и покрај шпекулациите кои го поврзуваат со заминување.
"Тренерот има важечки договор и е дел од Мадрид исто како и фудбалерите. Ние сме уверени дека тој ќе остане тренер тука".
