Кагава: Сакам да останам во Дортмунд
Јапонскиот репрезентативец пристигна во Дортмунд во 2010 како анонимец во трансфер вреден само 350 000 евра, но експресно се етаблираше како клучен фудбалер во тимот на ’Милионерите’.
Неговите добри партии не останаа незабележани, па името на Кагава почна да се поврзува со екипи како Манчестер Јунајтед, Милан и Интер.
Но Борусија Дортмунд не сака да слушне за продажба на плејмејкерот, и од поодамна се започнати преговори за продолжување на договорот.
Се чини дека актуелниот шампион на Германија лесно ќе постигне согласност со Кагава за продолжување на соработката, бидејќи токму тоа го посакува и Јапонецот.
“Поминувам низ еден одличен период, и сакам тој да трае уште долго.” – рече Кагава. “Сакам да останам тука.”
22 годишниот Шинџи Кагава е обврзан кон Борусија Дортмунд до 30. јуни 2013.
