Михаел Цорк: Дортмунд можеше да го купи Ламела

Управата на Борусија Дортмунд можела да го купи Ерик Ламела од Ривер Плата, но во последен момент се одлучиле да се откажат.
Како што изјавува спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк, ’Милионерите‘ биле пред трансфер на Ерик Ламела, но се откажале од него поради Марко Ројс, па Аргентинецот потпиша за Рома.
 
Тој се приклучи кон тимот на Рома пред стартот на сезоната за 12 милиони евра од Ривер Плата, а Цорк тврди дека и тие биле заинтересирани за него пред да се одлучат за Ројс.
 
„Имаше многу непознати фактори во врска со Ламела, за разлика од Ројс со кого знаевме што добиваме.“ изјави Цорк за Kicker.
 
Со него се согласува и тренерот на жолто-црните, Јирген Клоп кој вика дека тие точно знаеле каков играч е Ројс и дека не можеле доволно добро да го проценат Ламела.
 
Дортмунд исто така влезе во трка за купување на Ројс со нивниот главен конкурент во Германија, Баерн Минхен, кој исто така беше заинтересиран за талентираниот млад Германец, па можеби тоа е и причина повеќе што се одлучиле за него.

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1442
Баерн Минхен [46.39%, 669 гласови]
Челзи [53.61%, 773 гласови]