Лига Европа: Гостински победи за Бешикташ и Олимпијакос

Бешикташ со 2-0 славеше на гостувањето кај Брага, Олимпијакос со 1-0 го совлада Рубин Казан во првите 1/16 финални натпревари од Лига Европа.
Со денешните натпревари Брага - Бешикташ и Рубин Казан - Олимпијакос започна елиминационата фаза од Лига Европа.
 
Првите дуели поминаа во знакот на гостинските екипи.
 
Бешикташ со 2-0 победи на гостувањето кај Брага и стекна одлична предност пред реваншот.
 
По само 30 минути игра Брага остана со фудбалер помалку откако Барбоса заработи втор жолт картон.
 
Бешикташ брзо ја искористи предноста од играч повеќе и во 37. минута преку Сивок поведе со 1-0.
 
Конечните 2-0 ги постави Симао во 58. минута од натпреварот.
Гостинска победа славеше и Олимпијакос кај Рубин Казан.
 
Во 71. минута Олимпијакос поведе со голот на Давид Фустер.
 
Само две минути подоцна голема шанса за домаќините да израмнат, гостинскиот голман Меџери направи пенал и заработи црвен картон.
 
Но нововлезениот голман Рој Керол успеа да го одбрани ударот од белата точка на Биберс Начо и да му донесе голема победа на својот тим.

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1442
Баерн Минхен [46.39%, 669 гласови]
Челзи [53.61%, 773 гласови]