Тошак го објави списокот за пријателскиот натпревар со Луксембург
Собирот на репрезентативците е во Луксембург на 27. февруари, каде ќе се одработат два тренинга, во понеделник на 27. и вторник 28. февруари.
За дуелот со Луксембург, Џон Тошак повика 19. фудбалери, а на списокот место немаше за Величе Шумуликоски, кој беше стандарден кај сите претходни селектори.
Дуелот со Луксембург е старт на подготовките за квалификацискиот циклус за Светското Првенство во 2014.
И покрај тоа што временските услови се лоши, селекторот на Македонија очекува овој термин да биде максимално искористен.
“Времето и климатските услови во овој период на годината не се идеални за фудбал и одигрување на пријателски меч, меѓутоа ова се термините кои ФИФА ги одредува и јас како селектор заедно со играчите мораме да ги искористиме максимално сите шанси за одигрување на контролен натпревар.“ – рече Велшанецот.
“Мислам дека и играчите се свесни за тоа и дека и тие ќе направат се за да го искористат овој термин за репрезентативен настап.“
“Се надевам дека и покрај лошите услови за патување во овој период од годината нема да имаме доцнење и откажување .“
“Ова е прв меч од предвидените 4-5 натпревари кои ќе ги одиграме како подготовка за стартот на квалификациите за светско првенство и апелирам до сите играчи да бидат максимално подготвени и максимално сериозни за време на овие подговителни натпревари и за предизвикот што не чека од септември.“
Списокот на фудбалери повикани за дуелот со Луксембург:
Голмани: Нурединоски Един (Етникос Ахнас), Пачовски Томе (Бершот);
Одбрана: Попов Горан (Динамо Киев), Тодоровски Александар (Полониа Варшава), Шиков Ванче (Волин Лутск), Мојсов Даниел (Војводина), Новески Николче (Мајнц), Георгиевски Даниел (Шибеник), Лазевски Александар (Партизан), Грнчаров Бобан (Лирс);
Среден ред: Демири Мухамед (Тун), Деспотовски Филип (Работнички), Глигоров Никола (Алки Ларнака);
Напад: Тричковски Иван (АПОЕЛ), Пандев Горан (Наполи), Ибраими Агим (Марибор), Ивановски Мирко (АРКА), Хасани Ферхан (Волфсбург), Наумоски Илчо (Матерсбург).
