Ona FM: Финалето од Копа дел Реј нема да се игра на Бернабеу

Според каталонската радио станица Ona FM, финалето од Копа дел Реј помеѓу Барселона и Атлетик Билбао дефинитивно нема да се игра на Сантијаго Бернабеу.

Во понеделникот, претставници на Барса и Атлетик имаа средба со луѓето од Фудбалската Федерација на Шпанија, на која побараа финалето од Копа дел Реј да се одигра на Сантијаго Бернабеу.

 

Реал Мадрид од претходно категорично се спротивстави на оваа идеја, но Барса и Атлетик се надеваа дека луѓето од ФФШ ќе можат да ги убедат Кралевите да ја променат својата одлука.

 

Но според каталонската радио станица Ona FM, Флорентино Перез на луѓето од федерацијата им соопштил дека Реал останува на ставот финалето од Копа дел Реј да не се игра на Бернабеу.

 

Ona FM вели дека ваквата информација им била потврдена од генералниот секретар на ФФШ, Хорке Перез, кој изминативе денови одржал разговарал со претседателот на Реал Мадрид.

 

Се говори дека како опција отпаѓаат и Висенте Калдерон (Мадрид) и Ла Картуха (Севиља), па најверојатно Барселона и Атлетик Билбао силите ќе ги одмерат на Местаља (Валенсија)


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1442
Баерн Минхен [46.39%, 669 гласови]
Челзи [53.61%, 773 гласови]