Зенит ја победи Бенфика со 3-2

Зенит со 3-2 ја победи Бенфика во првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на Шампионите.
Зенит и Бенфика одиграа интересен натпревар со пет погодоци кои го добија домаќините со 3-2.
 
Бенфика поведе по 20 минути игра, Макси Переира начека една одбиена топка од голманот Жевнов и ја смести во мрежата на Зенит.
 
Водството на Бенфика не траеше долго, само седум минути подоцна Широков по асистенција на Хубочан го израмни резултатот на 1-1.
 
Во 71. минута прекрасна акција на Зенит која успешно ја заврши Семак со гол со пета за комплетен пресврт и водство од 2-1.
 
Течеше 87. минута кога Оскар Кардозо го израмни резултатот на 2-2, но веќе во следната минута Зенит преку Широков постигнува гол за победа од 3-2.

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1442
Баерн Минхен [46.39%, 669 гласови]
Челзи [53.61%, 773 гласови]