Томас Милер: Робен не е себичен

Германскиот репрезентативец застана во одбрана на неговиот соиграч од тимот на Баерн Минхен по неодамнешните коментари кои прошетаа низ медиумите.
 

Томас Милер го одбрани Арјен Робен по коментарите дека тој бил егоист кои беа насочени кон холанѓанецот од Марио Баслер и Франц Бекенбауер.

 
И двајцата, Баслер и Бекенбауер, минатата недела прокоментираа дека Робен бил премногу себичен на теренот, но неговиот соиграч Милер не се согласува со тоа и вели дека не треба да се критикува Робен за тоа што ја користи неговата најдобра особина.
 
„Тврдењата дека Арјен е премногу себичен се погрешни“ - изјави Милер за TZ.
 
„Една од неговите најдобри особини е дриблингот, а тоа е нешто што се прави индивидуално.“

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1443
Баерн Минхен [46.43%, 670 гласови]
Челзи [53.57%, 773 гласови]