Вацке: Дортмунд никогаш нема да го отпушти Клоп
Управата на Борусија Дортмунд има толку голема доверба во нивниот тренер, што сметаат дека никогаш не би го отпуштиле пред истекување на договор.
Ханс Јоаким Вацке му даде поддршка на Јирген Клоп и изјави дека никогаш не би го отпуштиле од Дортмунд пред истекување на неговиот договор.
Клоп неоадман потпиша нов договор со ’Милионерите‘ со кои потпишаа партнерство до 2016, запрашан за ризикот од тој долгорочен договор Вацке рече дека не се грижи бидејќи има доверба во тренерот.
„Не сум човек кој носи пребрзи заклучоци, но со сигурност можам да ви кажам дека нема да го избркам Клоп пред 2016.“ изјави Вацке за BILD.
„Ние имаме целосна доверба во Јирген. Го знам веќе 4 години, знам како работи и има наша поддршка. Му дадовме долгорочен договор бидејќи можеме да издржиме и лоши периоди со него.“
Клоп во Борусија Дортмунд дојде во 2008 година од Мајнц и веќе е втор најуспешен тренер во клубот, веднаш зад Отмар Хитцфелд.
