Кадлец и Фридрих мораат да се збогуваат со дресовите што ги добија од Меси

Спортскиот директор на Баер Леверкузен, Руди Фелер е незадоволен од однесувањето на Михал Кадлец и Мануел Фридрих и им нареди да ги стават на аукција дресовите што ги добија од Лионел Меси

Дефанзивецот Михал Кадлец, кој го постигна единствениот погодок за Германците во поразот од 3-1 на БајАрена во дуелот со Барса, на полувремето од средбата му го побарал дресот на Лионел Меси, но Мануел Фридрих бил поумешен и побрз во реакцијата, па успеал да го земе дресот на Аргентинецот во тунелот кон соблекувалните.

 

Затоа Кадлец бил приморан да му пристапи на Меси уште еднаш по последниот свиреж на судијата, и да добие сувенир од најдобриот фудбалер на планетата во овој момент.

 

Ваквото однесување на двајцата фудбалери беше критикувано од Руди Фелер, кој истакна дека Кадлец и Фридрих ќе мора да ги стават дресовите од Меси на аукција.

 

Спортскиот директор на Баер Леверкузен за Bild рече: “Можам да ви гарантирам дека овие двајца фудбалери ќе мора да ги стават на аукција дресовите, а парите ќе бидат дадени во добротворни цели.“

 

“Би можел да кажам дека 90% од тимот беше фокусиран на самиот натпревар. Но овие двајца претераа со своите постапки.“

 

“Не сум разговарал, но ќе го сторам тоа.“

 

Останува да се види како овој став на Фелер ќе влијаe врз фудбалерите на Баер на реванш средбата што се игра на Камп Ноу, бидејќи Гонзало Кастро уште сега изјави дека ’умира’ да размени дрес со неговиот идол Чави.


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1443
Баерн Минхен [46.43%, 670 гласови]
Челзи [53.57%, 773 гласови]