Лавеци: И следната сезона ќе го носам дресот на Наполи
Езекиел Лавеци вели дека е среќен на Сан Паоло и очекува да го носи дресот на Наполи и следната сезона
Аргентинскиот репрезентативец подолго време се поврзува со заминување од Неапол, и се говори дека Манчестер Сити, Челзи и Интер добро внимаваат на ситуацијата на напаѓачот.
Во понеделникот исто така се појавија стории кои велеа дека и Јувентус се приклучува во трката за потписот на Езекиел Лавеци.
Но фудбалерот во разговор со Sky Sports Italia вели дека и следната сезона ќе го носи дресот на Наполи.
“Верувам дека ќе бидам фудбалер на Наполи и следната сезона.” – рече Лавеци.
“Среќен сум тука, имам долг договор и сум смирен.”
