Красиќ на позајмица во Зенит?
Српскиот репрезентативец не е дел од плановите на тренерот Антонио Конте и има многу мала минутажа оваа сезона.
Се говореше дека Јувентус ќе се ослободи од Милош Красиќ во јануари, но и по затварањато на зимскиот преоден рок, тој остана во Торино.
Потоа се појавија гласини кои велеа дека Зенит го посакува Красиќ, но агентот на фудбалерот истакна дека враќање во Русија не е опција за Милош.
Сепак последните извештаи говорат дека Красиќ е многу блиску до напуштање на Јувентус и преселба во Санкт Петербург.
Рускиот весник Sport Express објави дека српскиот репрезентативец до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Зенит како позајмен фудбалер од Јувентус.
Тренерот на Зенит, Лучијано Спалети не сакаше да ги потврди ваквите стории, но призна дека од голема корист ќе му биде искусен и квалитетен фудбалер како Милош Красиќ.
